Категории

Сите изгледи на Џенифер Лоренс од промоцијата на нејзиниот најнов филм

Џенифер Лоренс за кратко време ги освои симпатиите на целиот Холивуд. Таа е една од ретките ѕвезди која секогаш зрачи со позитивна енергија и харизма и не е воопшто невообичаено што будно го следиме секое нејзино појавување во јавност.
Овој месец таа е прилично ангажирана околу промоцијата на нејзиниот најнов филм Passengers. Исто така како една од најдобро облечените холивудски дами ние будно го следиме секој нејзин моден избор. Погледнете ги сите стајлинзи кои таа ги носеше овој месец додека го промовираше својот филм низ неколку земји. Од гламурозни тоалети до софистициран смокинг, таа е ѕвезда која не се плаши да експериментира и секогаш останува доследна на својата уникатност и шарм. Џенифер е наша миленичка како во светот на филмот така и во светот на модата.

   

Прегледи:
340
Објавено на:
19.12.2016