Категории

Сите расположенија на мачките доловени преку фотографии во присуство на мачја трева

Ендру Мартила е фотограф од Вашингтон кој веројатно ја има најдобрата работа на светот. Познат како „фотограф на мачки“, тој се посветува на сликањето на разиграни, симпатични и често смешни аспекти од карактерот на нашите миленичиња – мачките. 

Неговите забавни колекции на фотографии опфаќаат различни домашни мачиња кои реагираат особено интересно во различни ситуации кога се опкружени со мачја трева. Оваа корисна билка е слична на ментата и во своите лисја и стебла содржи драгоцено етеричмно масло чиј мирис мачките го обожаваат.

Ендру открива: „Додека трепнете, изразот на мачката се преобразува од досадување до љубопитност, па сѐ до желба за игра и постојано се сведоци на најразлични неочекувани промени во нивното однесување.“