Категории

Скопје има ново место каде ќе ја остварите својата бајка, каде ќе ја имате совршената свадба

Стапувањето во брак е започнување ново поглавје во животот, нов почеток, а секој нов почеток треба да се слави, да се влезе во новото поглавје со радост и среќа, со најблиските.

Свадбените прослави се важен настан за младоженците и нивните семејства, а секако многу е важен амбиентот во кој се прославува новиот почеток.

Во Скопје има нов простор, совршен за вашата бајка, совршен за нов почеток. Ресторанот „Аликас“ зад чие значење стои зборот „извор“ е местото каде извира вашата љубов, слога…вашата среќа.

Алликас е ресторан кој се наоѓа на 5 километри од центарот на Скопје, во пријатна и тивка околина. Се протега на голема зелена површина, каде ресторанскиот дел изнесува 600 м2 и е со капацитет од 250 до 400 гости.

На зеленилото е превидено да се прават свадби и прослави под отворено небо, нудејќи посебно доживување во топлите летни вечери под звезденото небо, а исто така е организирано одржување на матично во романтична атмосфера, со вашите најблиски. 

Создаден по сите стандарди и да ги задоволи сите потреби на гостите, ресторанот обезбедува паркинг-места за 100 возила, со постојан видео-надзор, како и игротека за најмалите гости.

   Салата за свечености е предвидена за летни и зимски свадби, во летниот период се отвара и се прилагодува за топлите летни денови, а зиме е затворена, со стаклена фасада, нудејќи необичен и елегантен амбиент.

Просторот е опремен со посебна технологија за одржување на температурата, па така истиот е пријатен во било кое годишно време, преку подното ладење и греење.

 Елегантен и модерен амбиент, создаден по сите светски стандари со цел вашата свадбена прослава да биде една бајковита приказна која сите ќе ја паметат. 

Тимот на Алликас е тука да се погрижи да имате совршен ден, нудејќи гратис услуги како професионално осветлување и украсување, сликање и снимање, организирање на матично во елегантниот двор на ресторанот, како и хостеси за пречек на вашите гости. Со што на вас останува само да уживате во вашиот посебен ден.

Повеќе информации на:

Веб: http://www.allikas.mk/

Фејсбук: https://www.facebook.com/allikasmk/

Инстаграм: https://www.instagram.com/allikas_skopje/

Прегледи:
955
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
12.03.2017