Дванаесетото издание на скопскиот пивски фестивал Пиволенд ќе се одржи на 21, 22 и 23 септември на паркингот пред спортската сала „Борис Трајковски“.
Најголемиот гурмански викенд со пиво во Скопје како и претходните изданија ќе понуди широка лепеза на домашни и странски брендови на индустриски пива, како и многу различни домашни крафт (занаетчиски) пивски брендови кои посетителите ќе можат да ги дегустираат заедно со вкусна храна и богата музичка програма.
На трите фестивалски дена музичката програма ќе започнува во 18:00 часот и ќе трае до раните утрински часови.
Наскоро ќе бидат објавени учесниците и музичарите кои оваа година ќе го обезбедат уживањето на скопјани и сите посетители.
Од организаторите на фестивалот доаѓа и апел до посетителите да конзумираат одговорно, да избегнуваат користење на моторни возила како и да го почитуваат долгогодишното мото : ДОЈДИ ВИДИ ИСПИЈ. ПИВОЛЕНД 2023