Категории

Скршеното срце може да се поправи, но затвореното- никогаш, бидејќи не можете да му се доближите

Постојат луѓе, кои понекогаш не знаат доволно јасно што сакаат, не знаат да кажат ни што посакуваат, но секој секогаш знае, од што се плаши. Најстрашно во оваа приказна, е што не се плашиме од пајаци, глувци, ниту од темница, што ни приближно не сме страшливи од лошите духови и смртта, колку што се плашиме од убави работи.

Да. Денес живееме во свет, во кој се чуваме од Љубов и со презир гледаме на успехот. Постои една невидлива линија, која е постојано пред нас, всушност толку далеку од нас, што секогаш ја гледаме, а никогаш не и’ се приближуваме.

Тоа е линија, после која ни се чини, дека не е онака како што треба да биде, но истовремено делува, дека зад неа се’ може да биде, токму како што сакаме ние. Тоа е незнаење, што е од другата страна на замислената линија, која никогаш не успеваме да ја видиме јасно, а го чувствуваме нејзиното постоење- се вика страв.

Привлечена од нашето лошо искуство, напишана од нашето минато и запечатена во воздухот со нашето треперење, многу често ни е поблиска, отколку што мислиме. Ни проаѓа по средината на брачниот кревет, преку куќниот праг, преку новчаникот. Најмногу сака да се нацрта, помеѓу она нашето внатрешно Јас и она другото, кое го гледа светот. Разделува од најдрагите, а спојува со непотребниот дел од нас самите- со стравот.

Кога на луѓето ќе им се скрши срцето, многу ретко се слуша кршењето. Се прикриваат, со звукот на одглумена насмевка. Затоа тогаш нема никој, кој ќе им каже, дека во Љубовта нема ништо страшно. Паѓаат толку јако, што се плашат дека некогаш ќе можат повторно да летнат. И секој пат, кога некој ќе се обиде повторно да ги засака, бегаат за да не бидат повредени.

Нема никој да им каже, дека не се сите луѓе погрешни, туку само оние кои не знаат да допираат, а да не скршат, кои не знаат да галат, а да не изгребаат, кои не знаат да се бакнуваат, а да не повредат. Се додека раната не стане лузна, ќе ги боли, кога ќе се обидат на некој да му веруваат.

Но, само со верба и простување раната зарастува. Скршеното срце може да се поправи, но затвореното- никогаш, бидејќи не можете да му се доближите. Нема никој, кој ќе им каже, да не повлекуваат линија, помеѓу себе и љубовта.

Што од оваа страна на линијата, влева сигурност, кога на овој свет единствено смртта е сигурна, а умираат и уплашените и храбрите? Што ви зборува, дека на оваа страна на линијата сте сигурни, кога на овој свет, единствено утробата на мајката беше културно место, а надвор од неа, мораат да живеат и уплашените и храбрите?

Единствено страшно во врска со таа линија, се приказните за неа. За лошиот живот, по нејзиното пречекорување, зборуваат само оние кои дошле блиску и се повлекле назад. Оние кои преку таа линија навистина пречекориле, повеќе не зборуваат, бидејќи си заминале. Далеку. Бидејќи такви, кои превзедоа одговорност за создавање на сопствени лузни или со народски јазик кажано- за живеење, тие стигнаа таму каде имале намера да одат.

Таквите, не одат каде што патот ги води, туку патуваат каде што тие сакаат дури и кога патеки нема. Не дозволете, со тек на време таа линија која сте ја уобразиле, да порасне во ѕид. Не дозволувајте, тој ѕид, да ви го затвори видеокругот и да ви ја обликува среќата.

Срушете го, бидејќи тоа не е страшен ѕид- тоа е само ѕид од страв.

Кога ќе го победиш стравот од вистината, ќе престанеш да живееш во лага. Кога ќе се победи стравот од успехот, ќе престанеш да живееш во беда. Кога ќе се победи стравот од себе, ќе ја прифатиш својата суштина. А тогаш и туѓата.

Кога ќе престанете да живеете со страв, ќе почне живот во љубов. Не чекајте животот да ве натера да бидете храбри, давајќи ви храброст како единствен избор, туку со својата храброст, натерајте го животот да ви дава избори.

Не се откажувајте! Бидејќи стравовите никогаш не се причина за откажување, туку само за изговор.

 

Преземено од:

Blogdan

o3zona.net

Прегледи:
472
Објавено на:
05.11.2019