Категории

Слатки, мали работи кои мажите ги обожаваат

И покрај тоа што често се преправаат дека се ладни, немаат емоции и се цврсти мачо момци кои не сакаат многу изливи на емоции, сепак најчесто под површината се кријат нежни и кревки суштества кои се неверојатно слаби на девојките и на оние работи кои тие понекогаш и несвесно ги прават.

Иако можеби никогаш не сте размислувале за ова, бидејќи тој никогаш не ви го кажал (а и најверојатно никогаш нема да ви признае), сепак има мали, слатки работи кои девојките ги прават, а мажите ги обожаваат. Тоа најчесто се ситници кои сите ги правиме за луѓето кои ги сакаме, но нив навистина многу им значат, иако тоа гласно не го кажуваат.

Да заклучиме, мажите многу сакаат…

1. Кога ќе му прати порака за добро утро
2. Кога ќе го забележи сјајот во нејзините очи кога ќе го погледне.
3. Кога му подарува ситници, како доказ дека мисли на него.
4. Кога гледа во него и гледа во неговата душа.
5. Кога го гледа како игра некој спорт и жестоко навива за него.
6. Кога подобро се грижи за него, отколку тој сам за себе.
7. Кога изгледа прекрасно без да се труди.
8. Кога се возбудува за мали работи.
9. Кога му кажува дека го сака.
10. Кога играат игра и не може да се смири затоа што губи од него.
11. Кога се лути за глупости, затоа што тогаш е најубава.
12. Кога објаснува нешто за работа за која е страствена.
13. Кога е тврдоглава и знае дека греши, ама не сака да попушти.
14. Кога ќе се грижи за него кога има температура и покрај тоа што е неподнослив.
15. Кога верува во него, дури и кога самиот не верува во себе.
16. Кога нежно ќе го гушне и ќе потоне во неговата прегратка.

Прегледи:
474
Објавено на:
15.02.2016