Категории

Славна шминкерка открива – Заносни и дефинирани усни за неколку секунди! Дознајте го нејзиниот трик ! (видео)

Дали користите неутрални бои, или јаки нијанси на кармин не е важно, важно е правилно да ги исцртате усните, па потоа да нанесете боја и тоа поради три причини.

Една од најважните работи кога во прашање е шминката, покрај квалитетот на производите и бојата кои и прилега на вашето лице – Е И техниката на нанесување на шминката.

Жените воглавно се фокусираат на исцртување на очите, и многу од нив забораваат на еден важен детал – усните.

Така, за добро да ги исцртате усните, послужете се со мал трик на славната професионална шминкерка Лори Тејлор Дејвис.

Станува збор за исцртување на буквата “Х“ на средината на горната усна. Кога веќе ќе го направите тоа, линијата нека ве води во исцртување на работ на усната. Кога убаво и правилно ќе ги исцртате, пополнете ги со омилениот кармин.

Исто така, водете сметка моливот за исцртување и карминот да бидат во слична нијанса, односно тон, за да не изгледате малку…. чудно.

Детално упатство погледнете во видеото !

 

Прегледи:
480
Објавено на:
19.01.2016