Категории

Следниот вторник ќе се одржи настанот “Од почетник до успешен фриленсер”

Следниот вторник (23.01.2024) со почеток од 18:00 часот во Стартап Клуб Скопје (кај “Среќа Бар”) ќе се одржи новото издание на настанот “Од почетник до успешен фриленсер”.

Настанот е во организација на Импакт Фондација, кои продолжуваат со своите активности за поддршка и развој на фриленс еко-системот во земјава – преку создавање на можности за едукација, споделување на искуства и вмрежување со успешни фриленсери. Импакт Фондација е двигател на позитивни промени, фасилитирање и партнерства за инклузивен економски развој.

Овој настан е втор во низа настани во рамките на проектот “Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените”, поддржан од Амбасадата на САД. Целта на овој проект е да се подобри пристапот на младите до можности за обука и вработување преку промоција на фриленсингот како кариера. Овој проект започна во октомври 2023 и ќе се спроведува до април 2024.

Партнери на ова издание се Семос Едукација, од каде се погрижија да обезбедат тројца одлични говорници кои со присутните ќе ги споделат своите фриленсерски експедиции и ќе одговорат на нивните прашања како успешно да се плови во фриленсерските води.

Говорници на настанот ќе бидат: Марија Постоловска (предавач во Семос Едукација), Илија Ќамилов (фриленсер) и Марија Сековска (маркетинг менаџер).

На настанот ќе се презентираат и заклучоци од глобално истражување за состојбата на фриленс индустријата, за најдобро платените фриленсерски кариери, како и за најзначајните трендови во едукацијата која ги обезбедува потребните фриленс вештини за новото време.”- вели Огнен Јанкуловски, координатор на проектот од Импакт Фондација.

Поканети да присуствуваат на настанот се сите оние кои допрва влегуваат во фриленсерските води, но и веќе активни фриленсери кои сакаат да напредуваат во својата кариера. Присуството на настанот е бесплатно, но поради логистички причини потребно е претходно да извршите регистрација на следниот ЛИНК.

Одржувањето на овој настан е во рамки на проект поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.