Категории

Слободно испуштајте гасови во новите гаќи од кои ќе мириса прекрасно

Добри вести за оние кои постојано сакаат да испуштаат гасови. Сега може да купите гаќи, фармерки и пижами кои го намалуваат мирисот дури и од најлошиот гас. Благодарение на Shreddies, во задниот дел на облеката има додадено постава со активен јаглен кој ги апсорбира сите мириси.

– Оваа облека поминала низ ригорозни тестирања и наодите од истражувањето направено во универзитетот Де Монтфорт беа презентирани на 86-тата светска конференција за текстил. Преку истражувањето се докажа дека ткаенината лесно може да се отстрани со сулфид и етил меркаптан, како и да се прочистат мирисите, стои во објаснувањето.

Штом се тестирани, значи оваа облека е безбедна за носење!

Прегледи:
502
Објавено на:
27.03.2016