Категории

Смешни случки каде што бремени жени имаат „бебешки мозок“

На сите ни се случува некогаш да заборавиме нешто, да се збуниме или да „тропнеме глупост“. Но, кај бремените жени се случува нешто што народски се нарекува „бебешки мозок“.

Терминот се однесува на грешки во помнењето, лоша концентрација и отсутност, која што многу жени кажуваат дека ја искусуваат во текот на бременоста и раното мајчинство.

„Бебешкиот мозок“ или „мамнезија“ се јавува поради што бремените жени поминуваат низ голем стрес, телесни промени, и нелагодност при лежење и спиење, поради што не спијат добро. Од друга страна, хормоналните промени влијаат и врз мозочните неврони, и се’ тоа комбинирано, предизвикува „бебешки мозок“.

Секако, кај бремената жена мозокот не се „менува“, туку привремено е „смотан“.

Доколку сте бремена жена и поминувате низ ова, не паничете! Не сте сама. Всушност, тоа ќе ви го докажат следниве анегдоти:

„Јас и сопругата се шетавме, и на пола пат таа се исплаши дека сме го оставиле бебето дома. Бебето е уште во нејзиниот стомак.“

„Мојата сопруга, која е бремена 39 недели, излезе надвор да купи работи за да вечераме. Се врати со ова:“
My 39-Week Pregnant Wife Went To The Store To “Get Stuff For Dinner”. This Is What She Came Home With

„Диплев крпи и со цел памет отидов да ги ставам во ФРИЖИДЕР.“

„Ја дотерав ќерка ми и ја пратив на училиште во маска, бидејќи мислев дека е Ноќта на Вештерките (31 октомври). Беше 1-ви октомври.“

„Заборавив дека играме криенка со ќерка ми и се сетив дури откако сфатив дека ја нема да ми зборне околу 20 минути. Ја најдов седејќи вака…“
Hat Moment You Realize You Got Distracted And Forgot You Were Playing Hide And Seek And Your 2 Yr Old Has Been Hiding For About 20 Minutes 😬 ....she Never Moved Lol

„Штотуку излегов од работа и си влегов во туѓа кола.“

„Разговарав со клиент и го заборавив името на мојата фирма.“

„Си ја фрлив бананата наместо лушпата.“

„Појдов со кола да ја соберам ќерка ми од училиште. Се вративме пеш. Сосема изумив дека ја паркирав колата пред училиштето.“

„Го отворив калкулаторот на телефон за да си направам аларм.“
#preggobrain

„Наместо вода, се напив бебешко улје. Беа едно до друго!“

„Сакав да направам омлет. Сите три јајца ги скршив директно врз тањирот, наместо врз тавчето. Потоа, неколку секунди се прашував кој беше следниот чекор при правење омлет…“

„На ќерка ми сум ѝ ги облекла панталоните наопаку и сум ја пратила во градинка.“

„Еве што се случи денес. Појдов на работа со две различни чевли.“
So This Totally Happened This Morning, Got To Work With Two Different Shoes On!

 

 

 

Прегледи:
797
Категории:
Хумор
Објавено на:
29.10.2020