Во нормални услови не би очекувале снег на место какво што е Аризона, но минатата недела мајката Природа реши да си поигра со локалното население покривајќи ја Сонорската пустина со свежа прекривка снег. Иако глетката е прекрасна, позади овој феномен најверојатно се крие суровата реалност за глобалното затоплување на земјината топка.