Категории

Со помош на овие совети научете како да фрлате помалку храна

Доколку често ви се случува да ја фрлате храната, од страв да не се расипе, или едноставно сте претерале во мерата, со овие совети научете како да ја промените оваа бескорисна навика.

1. Направете листа на храната која ви е потребна. Добра идеја е да направите листа на оброци кои планирате да ги подготвите во следните неколку дена, а потоа проверете кои состојки ги имате дома. Купувајте го само она што го немате во вашиот фрижидер.

2. Купувајте овошје и зеленчук кои не се во амбалажа, на овој начин ќе ја купите точната количина која ви е потребна.

3. Не одете во продавница гладни, на тој начин ќе купите повеќе храна отколку што ви е потребно.

4. Проверувајте го датумот на употребата. Не купувајте производи кои имаат краток рок на траење, доколку не планирате веднаш да ги искористите. Постои голема можност истите да се расипаат.

5. Остатоците од храната која не ја изедовте треба да ги ставите во фрижидер што е можно поскоро. При подготовката на следниот оброк можете да ги искористите овие остатоци за да подготвите нешто ново.