Категории

Со потиснувањето на емоциите всушност се рануваме себеси многу повеќе

Оној кој одбива да биде ранлив и да ја отвори својата душа пред другите, всушност на тој начин се повредува себеси многу повеќе отколку болката која би ја добил кога би наидел на одбивање или неодобрување.

Најтешко е да започнете да ги откривате емоциите. Прво на самите себеси а потоа на другите. Постојат луѓе кои ги кријат своите емоции, дури и пред самите себеси. Таквите се наоѓаат во вашата околина а можеби и вие сте таква личност која потајно знае дека во неа живее нешто силно и суштинско кое не сака да биде откриено, но не знаете како тоа всушност влијае на вас.

Некои денови ќе чувствувате како да е некоја прашина која ве боди во окото. некои денови ќе мислите дека сето тоа е приказна без смисла.
Колку и да се чини бесмислено, голем дел од луѓето всушност не умеат да ги препознаат своите чувства.

Заклучената емотивност укажува на тоа дека личноста искажува дека не чувствува ништо. Како рамна линија, празнина а всушност под дното на таа линија пливаат бескрајни бури од емоции.
Таквото избегнување на чувствата најчесто се јавува поради страв од отфрлање од другиот, срам или губење контрола врз сопствените импулси.

И во сето тоа забораваме на нашата свесност и човечност, забораваме дека на тој начин живееме и дишиме. Преку искажувањето на емоциите, среќата, тагата, болката, љубовта, нежноста.
Сето тоа е нашиот идентитет и она кое не прави живи суштества.

Оној кој одбива да биде ранлив и да ја отвори својата душа пред другите, всушност на тој начин се повредува себеси многу повеќе отколку болката која би ја добил кога би наидел на одбивање или неодобрување. Емоциите се опасно нешто кога се задржани под клуч, но бескрајно моќни и убави да променат нечиј живот кога се искажани.

Прегледи:
865
Објавено на:
19.05.2020