Категории

Сончајте се безбедно и заштитете го своето здравје: Бронзен тен и убава кожа за само неколку минути!

Солариумот како средство за добивање на посакуваниот тен со години претставува омилениот уред на жените особено пред подготовката за летниот одмор. Но, каква корист имаме од него освен свежата и атрактивна боја?

Потемнетата кожа претставува важна природна заштита од сонцето. Таа за разлика од козметичките средства за заштита отпорна е на вода. Особено, потемнувањето во солариум без да изгорите е најдобра можност да се заштитите од сончевите зраци. Токму тоа ви го нуди вертикалниот турбо солариум во студиото за убавина La Sensa.

Зрачењето на солариумот содржи 0,5% – 0,8% УВБ од зрачењето кое го дава сонцето, па поради тоа е неспоредливо помалку штетно.

Солариумот е корисен во следниве сегменти:

  • Преку фотосинтеза го генерира витаминот Д3 кој како катализатор учествува во размената на многу материи во организмот, особено на калциумот
  • ниските дози на УВБ зрачењето го подобруваат имунолошкиот систем на организмот
  • ја подобрува циркулацијата на организмот
  • ја подобрува состојбата на кожата (ја чисти од акни, мозолчиња и слично)
  • допринесува до намалено ниво на холестерол благодарение на благотворното дејство на дозираните количини на УВБ зрачењето

Какви се последиците од лошо одмерената должина на сончање и какви се ризиците?

Разликите во сончањето на сонце и во солариум се неспорни. На сонце треба да се сончате така што ќе го избегнете директното зрачење на сонцето, а со тоа и УВ зрачењето и жештината. Добро се познати ризиците од директно сончево зрачење, а бидејќи не можеме да го промениме сонцето, можеме нашите навики.

Со обзир на тоа дека поради начинот на живот и други причини, не се изложуваме на сонце како порано, упатени сме во користењето на солариум. Модерните солариуми нудат висок степен на ефикасност и безбедност. Токму затоа, студиото за убавина La Sensa ги следи сите стандарди и особено внимава при времетраењето на сончањето, а најдолгиот период е 12 минути. За сите љубители на бронзениот тен или пак доколку патите од недостаток на витаминот Е, La Sensa подготви промотивни пакети за уживање во безбедното сончање во текот на летото.

  • пакет 50 минути – 1300 денари
  • пакет 80 минути – 1900 денари
  • пакет 100 минути – 2100

Секако, најважно е да не претерувате со употребата на солариум, бидејќи прекумерното користење може да ги поништи сите благотворни особини на сончањето.

Солариумот во студиото за убавина La Sensa овозможува најголем степен на потемнување видлив уште по првата посета. Во La Sensa исклучиво се користат солариуми со ламби со врвен квалитет од индустријата за солариуми. Перформанси комфор и одличен дизајн со најнова технологија. Бронзениот тен никогаш не бил поблиску до вас!