Категории

Сопруг создал „велосипед-количка“ за да ја шета сопругата која боледува од Алцхајмер

После 55 години брак, Бил и Глад Форвард се неразделни. Но, нивната љубовна приказна не поминала без свои тестови и неволји, а најголем проблем е дијагнозата на Глад – Алцхајмеровата болест уште од  2004 година.

Бил објаснува дека тој прави сè за Глад, од моментот кога таа ќе се разбуди се до моментот кога таа оди во кревет. Тој вели: „Не ги сметам обврските како товар, сметам дека е голема привилегија да се грижам за жената која што го сакав сите овие години. Таа е моја принцеза и јас сум нејзиниот Вилијам и ништо не би направил поинаку “.

И покрај проблемите, тој создал изум, количка-велосипед за двајца. 

Така, Бил се зафати за дизајнирање велосипедска количка во која неговата сопруга ќе седи пред него, а тој ќе ја вози со педалите позади. На тој начин таа може да ужива во секојдневните прошетки во друштво на нејзиниот сопруг.

Прегледи:
820
Објавено на:
18.05.2020