Категории

Соседите секоја ноќ го буделе со див секс, па решил да ги изненади

Не можел повеќе да ги слуша звуците од соседниот стан, па одлучил да превземе нешто. Вели дека преморен одел на работа бидејќи тоа траело со недели – баш секоја ноќ.
Човекот, кој не го открил својот идентитет, одлучил на соседите да им напише писмо откако не спиел со недели поради нивниот жесток секс. Писмото им го турнал под врата.

Тие го буделе среде ноќ, одел исцрпен на работа и на крајот одлучил да превземе нешто. Писмото кое им го испратил на „активните“ соседи се нашло на интернет, откако му го покажале на пријател, а тој одлучил да го фотографира и да го објави на Reddit.

Еве што им напишал:

„Драги соседи,

Поздрав! Сакам веднаш на почеток да ви се извинам поради непријатноста што ви го пишувам ова. Но, после неколку недели будење во глуво доба и многу уморни одења на работа, почувствував дека морам да ви пишам.

Би било навистина супер кога би ги затегнале шрафовите на креветот. За жал, кога вашиот кревет е „во употреба“, многу е гласно, од шкрипење до удирање на креветот во ѕидот. Имав слично искуство со цимерот на факултет и се` што направивме беше стегнување на шрафовите на креветот и го тргнавме креветот од ѕидот. Проблемот беше решен. Па, ако не ви пречи, обидете се да го направите тоа, ќе ви бидам многу благодарен.

Ви благодарам уште еднаш, ова е непријатно, но морав да ви пишам.

Срдечно,

Вашиот сосед“

Прегледи:
392
Ознаки:
· ·
Објавено на:
15.03.2017