Категории

СОВЕТИ КОИ ПОМАГААТ ДА ГО СПРЕЧИТЕ ПОБЕЛУВАЊЕТО НА КОСАТА

Што предизвикува предвремено побелување на косата

• Многу често наследноста е предиспонирачки фактор. Ова значи дека оваа промена е запишана во вашите гени.

• Стресот и психолошките грижи можат да бидат тригер на прераното побелување на косата. Според истражувањата, луѓе кои страдаат од анксиозност и стрес во подолг временски период може да имаат предвремено побелување на косата. Чувството на тага, загриженост и малнутрицијата го намалуваат производството на меланин што резултира со побелување на косата. Исто така стресот и анксиозноста може да предизвикаат и опаѓање на косата или нејзино истенчување. Постојаната загриженост предизвикува зголемена затегнатост на кожата на скалпот ; тоа го попречува снабдувањето со нутритиенти кои се од витално значење за здравјето на косата.

• Кон раното појавување на седа коса се склони луѓето кои страдаат од хронични настинки и синузит.

• Погрешна исхрана, диета во која недостасуваат витамини исто така ќе предизвика предвремено побелување на косата. Недостатокот на Б витамините, железо, бакар, и јод во дневната исхрана се фактори кои исто така допринесуваат во побелувањето на косата.
• Други причини кои придонесуваат да се забрзува побелувањето на косата се интензивно хемиско и термичко третирање на косата, анемија кај жените.
Совети кои помагаат да го спречите побелувањето на косата

Освен старечки дамки, брчки околу усните, очите и други видливи значи на кожата, седата коса е друг неизбежен дел од процесот на стареење. За кожата, постојат серуми против брчки кои можете да ги користите како и хируршки и не-хируршки процедури на кои може да се подложите да му се спротиставите на стареењето. Но што со косата?
Доколку не сакате да ги откриете вашите години, седата коса ве издава, тогаш како да го прикриете тоа?

1. Третирајте ја косата која побелува со есенцијални витамини и омега масни киселини
Во вашата исхрана вклучете храна која содржи витамин Б 12, фолна киселина, омега 3 . Овие 3 компоненети се ефективни во борбата со косата која побелува. Земајте ги како додатоци или изберете храна која е богата со овие состојки и вклучете ги во вашето мени. Витамините кои се добри за косата помагаат и во растот на косата. Омега 3 помага косата да расте поцврста, бидејки со годините станува и кршлива. Витаминот Б 12 пак, помага да се задржи бојата на косата, витамините од Б групата помагаат и во ослободување од стрес. Избегнувајте го рафинираниот шеќер и производите кои го содржат како газирани пијалоци, џемови, слатки.

2.Намалете го стресот
Не постои совршено решение кое ќе го спречи побелувањето на косата поврзано со стрес, но во секој случај, општо редуцирање на стресот може да биде од голема помош.

3. Откажете се од пушењето и вежбајте
Доколку пушите, обидете се да ги откажете цигарите или барем да ги намалите. Вежбајте многу и хранете се добро – балансирана исхрана со изобилство на овошје и зеленчук богати со анти-оксиданти . Анти-оксидантите се нутритиенти кои се борат против оштетувањата кои ги прават слободните радикали од хемикалиите на клетките, неколку студии укажуваат дека може да превенираат канцер и може да помогнат да се спречи прераното стареење на косата.

4. Спијте доволно
Напоредно со вежбањето и исхраната, погрижете се и да спиете доволно. Во текот на денот одвојте време да се опуштите и да го ослободите умот од сите проблеми. Одвојте време во текот на денот за активности во кои уживате.

5. Размислувате позитивно
Најважно од се, имајте позитивен став , тој е одличен амортизер против секојдневниот стрес, вклучувајќи и побелување на коса поврзано со стрес.

Прегледи:
360
Објавено на:
16.07.2016