Категории

Совети за како да се справите со празничниот стрес

Празниците се пред нас, а ние сме во се поголемо исчекување на релаксација и време поминато со саканите. Сепак овој период може да биде мешавина од различни чувства, можеби помалку среќа од она што сте очекувале и го прикажувале на рекламите.

Токму затоа Ви споделуваме моќни совети коишто ќе Ви ги направат празниците порадосни:

1. Фокусирајте се на она што е најважно. Наместо да трошите пари на скапи подароци, размислете кој би бил подарокот што личноста навистина би го ценела.

2. Смирете се и внесете се целосно во она што го правите. Дишете длабоко и уживајте во миговите коишто само Вие можете да одлучите дали тие ќе се претворат во неодолива магија.

3. Изградете спирала на позитива, споделете ја со другите околу Вас и заеднички уживајте во радосните празници.

Прегледи:
406
Објавено на:
22.12.2022