Некои луѓе сакаат да ги прифатат своите лузни, дамки или несовршености, бидејќи ги потсетуваат на тоа колку е фрагилен животот. Меѓутоа, лузните евоцираат трауми кај одредени луѓе и сакаат да ги сокријат.
Секое тело е совршено на свој начин, и секој човек треба да си е комотен во сопственото тело. Но, да сме комотни во сопствените тела, значи некогаш да направиме одредени модификации за да би ги сакале повеќе. Како што некогаш сакаме да ставиме сукња која ќе ни го крие стомачето, така некогаш сакаме да ставиме тетоважа која што ќе сокрие или ќе надополни нешто на нашето тело за кое што не сме многу самоуверени.
Погледнете ги овие примери како некои тетоважи се совршено искористени за да затскријат или надополнат лузни, дамки или поинакви несовршености.
Хумор на своја сметка – тетоважа од НЛО која ја надополнува оваа лузна.
Цветови кои кријат непријатна лузна, најверојатно од операција.
Некому оваа лузна му заличела на рибина коска, па си ја надополнил со останатите делови од рибата.
Овие нокти се неверојатно реалистично изработени!
Соочување со демоните.
Слатко мало лајтсејберче!
Околу волците треба да има шумски детали.
Чаризард – совршената тетоважа за обожаватели на Покемон.
Оваа дамка е преправена во мало духче.
Морнарско ремек дело врз овие лузни.
Оваа лузна веќе ја имала совршената силуета, само требало да се надополнат деталите.
Упс, ми се истури малку вино.
Мајчинството е подарок – затоа и лузните од ова искуство треба да се третираат како подароци.
Нежнотија.
Кога веќе имаш полумесечина, ќе го додадеш и остатокот и ќе направиш цела илустрација.
Оваа медуза изгледа како некој преубав цртеж со акварел.