Категории

Создади наследство, научи шиење

„Ова ми е од баба ми“ – е реченица што секогаш се кажува со гордост. Било да се работи за бабиниот накит, ташничка, капа, шал, ракавички, украс или привезок. Прекрасни се и рачните изработки на мајка, во кои е собрана многу љубов, трпение и вештина.

Институт Креативна Македонија ви нуди неповторлива прилика да научите прекрасен занает кој одбележал многу генерации наназад, но ќе одбележи и во иднина. На 06 април од 12:00 до 16:00 часот во просториите на ИКМ ќе се одржи работилница за шиење.

Оваа работилница е наменета за комплетни почетници, дури и ако никогаш досега не сте виделе машина за шиење.

Што ќе научите:

• Вденување конец на машината
• Намотување на бобина
• Машински игли – типови, како, кога и зошто треба да ги менувате
• Учење на различните функции на машината
• Шиење на шевови
• Шиење во права линија
• Шиење на кривини
• Завршување на шевовите и обратното шиење
• Разликување на ткаенини, хоризонтална и вертикална линија
• Користење на шема
• Кантирање и обележување на ткаенина
• Сечење на ткаенини
• Лепење флизелин
• Цртање на ткаенина и други трикови на шиење играчки.

Откако ќе ве упатиме низ сите чекори на поставување и користење на машината, ќе имате можност да направите своја руска бабушка.

За секој учесник ќе бидат обезбедени пишани материјали, кои заедно со вашата шема и вашите прекрасни нови креации ќе можете да си ги понесете дома. Може да донесете сопствена пренослива машина за шиење (опција) ако е во добра работна состојба и прирачник за машината.

Вашиот гуру за шиење ќе биде русинката Олга Селивон (Матрјошка), а со учеството на работилницата ќе добиете:

– Непроценлива лекција за еден прекрасен занает
– Знаења и вештини за основите на шиењето
– Скрипта со шеми за шиење
– Материјали за шиење
– Шиена бабушка
– Сертификат.

Цената за учество на работилницата е 1.200,00 денари. Пријавување на [email protected]