Да ги научиме децата да создаваат и да ја ценат визуелната естетика може да има огромно влијание и важност во развојот на идните генерации. Голем број истражувања посочуваат дека кога децата се поттикнувани да се изразуваат себеси преку создавање уметност развиваат чувство за иновација кое е важно во нивниот живот како возрасни индивидуи. Креативните деца постануваат иновативци кои бараат нови и подобри начини на функционирање и се визионери на иднината.
Создавањето на уметност е инзвореден начин преку кој може да го снимите развојот на вашето дете. Како што забележувате дека читањето и пишувањето се подобруваат со годините, истото се случува и со уметноста.
Улогата на родителите и едукаторите е да го изложат детето на што поголем број на материјали со кои децата може да создаваат уметност. Од кога ќе им се понудат разновидни можности децата ќе можат да направат сопствен избор дали ќе се одлучат да ги употребат или не. Без изложувањето на можности, нема ни избор.
Создавањето на уметност е одличен начин децата да прават избори, да донесуваат одлуки и да решаваат проблеми. Секој чекор инволвира донесување на одлука: каква боја да употребам, каква линија да направам, која големина да го направам предметот и слично.
Имагинацијата е во секој од нас. Уметноста ја носи имагинацијата еден чекор понапред. Низ процесот на создавање уметност децата креаираат визуелна манифестација на абстракните идеи.
Отварајки ги вратите за уметноста допринесуваме за развојот на децата. За брзо време ќе забележите подобрување во моторичките вештини, подобрување во јазичнииот капацитет, во визуелно учење, во процесот на донесување одлуки и секако и подобри академски достигнувања.
Неколку совети за тоа како како родителите може да го поттикнат креативниот развој кај децата:
Кога читате со вашето дете, бидете драматични. Глумете улоги, направете костими, поттикнете го детето само да создаде приказни и да ви ја одглуми. Чувајте ги старите парчиња гардероба и искористете ги во овие прилики.
Создадете заедно уметничко студио во вашиот дом. Нека е исполнето со различни материјали и алатки: боици, маркери, бои за раце, креди, водни боици, четки, лепак, хартија и кутии во различни големини.
Проширете го својот музички репертоар дома, влезете во територија каде што ќе слушнете нешто поразлично од воообичаената музика, пуштете различни радио станици кога сте во кола.
Кога има музика дома, танцувајте заедно со децата. Различните движења на телото се забавни и во исто време добра физичка вежба.
Создадете заедно креативна тетратка во која ќе ги чувате сите фотографии, цртежи и мали уметнички дела. Правејки го ова не само што ќе имате споделено искуство со своето дете, во исто време добивате и спомен кој ќе трае низ годините.
Додека заеднички ги подготвувате уметничките дела не заборавјте дека најважната состојка во целиот рецепт е интересот на детето. Вие бидете тука за да дадете поддршка и мотивација во текот на целиот креативен процес.
Ако сакате вашите деца да носат оригинални идеи на овој свет , би требало да ги пуштите самите да ги следат своите интереси, не вашите.
Како што рекол Алберт Ајнштајн “Love is a better teacher than a sense of duty” откртивајќи дека неговата мајка го запишала на часови по виолина кога тој бил 5 години, за кои тој воопшто немал интерес. Љубовта кон музиката процветала дури во тинејџерските години кога ги открил Моцартовите сонати. А токму музиката била движечката сила позади неговите откритија.
Зорица Николова
(Авторката е дел од детската академија “Бреинобреин Европа” со франшизен центар во Скопје)