Видеото кое како вирус се прошири на социјалната мрежа Фејсбук ќе ве остави без зборови, но во исто време и воодушеви, поради интересната игра на асоцијација на погодување на имињата на познатите светски фудбалери во која главни улоги ги имаат две девојки. Имено видеото е снимено во телевизиски квиз „Среќни луѓе“ каде во водителска улога го гледаме Драган Вучиќ но овој пат наместо смешни скечеви имаме видео кое и тоа како е интересно. И додека на Фејсбук се води полемиката за тоа дека девојката која ги погодувала имињата на фудбалерите имала помош од „суфлер“ од публика, нас, а веруваме и на многу други, вниманието ни го плени девојката која ги објаснува асоцијациите и нејзиното импресивно знаење за оваа област во која според непишан правило посилниот пол го има „ветото“ на информираност и знаење. Да не должиме многу погледнете и самите за што станува збор:
Извор : makedonijadenes.com.mk