Категории

Спиете со вклучено греење? Искоренете ја оваа навика, еве и зошто!

Топол туш, чорапи на нозете или топло ќебе е добар начин да се згреете во спалната соба пред спиење.

За да биде сонот квалитетен, треба да не внесуваме кофеин неколку часа пред спиење, да не јадеме тешка и масна храна, но и некои работи во просторијата да бидат подредени. Освен што просторијата во која спиеме треба да биде уредна и ненатрупана, треба да внимаваме и на температурата во неа. Колку и да ви е ладно пред да легнете, вклучувањето на греење не е решение.

На телото му паѓа температурата во вечерните часови, и тоа е еден од сигналите дека е време за спиење. Доколку е собата претопла, телото не може да се смири и колку и да сме изморени, веројатно неа да можеме да заспиеме. Греењето на собата го зголемува нивото на јаглероден моноксид во просторијата, а колку е подолго вклучено, толку е поголемо нивото па може да дојде до силна болка во пределот на грбот и развивање срцеви проблеми.

Прегледи:
399
Објавено на:
17.11.2021