Категории

Според жените овие мажи се идеални за брак!

Припадничките на поубавиот пол ги привлекуваат мажи на кои семејството им е поважно и од работата и од кариерата.

Анкетата била извршена врз студентки, кои одговарале на прашањето што сакаат во животот и какви очекувања мора да исполни нивниот иден партнер.

Научниците дошле до сознанија дека идеалниот маж за брак мора да биде повеќе ориентиран кон семејството, а помалку кон кариерата, бидејќи тоа им е добар показател дека ќе биде добар сопруг и татко. Тие признале дека попријатна им е сцената каде што момчето и помага на стара жена да помине улица или и ја носи торбата, но и дека сакаат кога мажот им ја отвора вратата, ги носи тешките работи и на тој начин дава до знаење дека ќе се грижи за својата жена.