Категории

Среќа е да се има ваков наставник: Учениците на Бумбароски уживаат во наставата!

„Некој пее, друг црта, трет лепи на хамер, седат на нестандарден начин, слушаат музика, можат да станат од место кога сакаат, да го прашаат наставникот што сакаат и сите знаат се“, се вели на почетокот од прилогот на “Инфокомпас”, кои го посетија класот на одделенскиот наставник Гоце Бумбароски во ООУ “Кочо Рацин” во Прилеп.

Токму затоа овој клас и Бумбароски како нивни наставник е можеби единствен во целата држава, а начинот на работа со учениците направи од нив вљубеници во училиштето.

Како што и самите кажуваат, а тоа го потврдуваат и нивните родители тие уживаат на часовите и со задоволство прифаќаат дури и дополнителни активности. Се со цел да се остане што подолго време во училиштето и да се научи уште повеќе.

„Потребите на учениците се многу поважни од потребите од се наоколу. Учениците самите раскажуваат, самите го водат часот и ја чувствуваат тежината, но и благодетот да се биде наставник“, вели наставникот Гоце Бумбароски.

Дури и кога се гладни на неговите ученици им е дозволено да јадат, всушност тоа е некогаш исто така дел од наставата.

На пример како што кажува наставникот Бумбароски, кога дечињата учеле за дропки, лекцијата ја учеле со сечење на пица.

Ваквиот начин на работа со сигурност е едена од потребните реформи во образованието. На ваков начин и со ваков пристап, љубовта кон училиштето и желбата за знаење и учење ќе се изградат уште од најрана возраст, а Македонија би имала здрави, среќни и полни со знаење млади луѓе во иднина.

Преземено од маркукуле.мк

Прегледи:
870
Објавено на:
13.04.2018