Категории

Среќа е кога ќе се разбудите сосема здрави: Михаил Лабковски, психолог!

Најпочитуваниот руски психолог кој зад себе има 30 години работен стаж, ја кажа вистинската дефиниција за среќа

Многумина мислат дека среќата е во парите и во кариерата. Каков статусот има некоја личност, каков автомобил вози и каде живее.

Други мислат дека среќа е кога ќе стапите во брак, ќе имате деца, ќе купите убав стан, ќе одите на одмор на море, ќе зимувате на планина …

Трети пак мислат дека среќа е кога сте опкружени со многу пријатели, имате безброј состаноци, присуствувате на културни настани …

Никој не е во право. Бидејќи сите горенаведени работи не преставуваат среќа. Може да имате многу пари, но нема да знаете како да уживате во нив. Може да имате прекрасно семејство, но да не бидете среќни кога ќе се вратите од работа дома. Можете да ја работите работата што ја сакате, но ќе бидете толку оптоварени што ќе ви се здосади …

Всушност, среќата не е во парите, во сопругот/сопругата, во патувањето, во кариерата… Не е во пријателите или бројот на деца … Среќата не е цел што се постигнува преку напорна работа.

Среќа е кога ќе се разбудите и нема ништо да ве боли, кога сте сосема здрави. Ќе појадувате и ќе уживате во појадокот. Ќе одите на работа, а нема да ви биде тешко. Ќе си дојдете дома и ќе си играте со вашето дете затоа што тоа го сакате, не затоа што ја исполнувате родителската должност. Ова е кога патот кон повисоки цели е еквивалентен на моментот на реализација. Дали разбирате, среќата е тука и сега!

Прегледи:
717
Објавено на:
29.02.2020