Лав
Престанете да бидете 100 проценти убедени и самоуверени дека нема ниту една пречка пред вас. Доверете се на досегашното искуство, а не на агресивната сигурност. Ке напредувате само ако реално размислувате.
Девица
Непријатните вести или сеќавањето на нешто што се случило одамна може да го расипе вашето расположение. Не го продлабочувајте беспотребно. Ако можете да спречите погрешен потег направете го тоа. За сѐ друго гледајте само напред.
Вага
Физичката состојба ви е добра, но психичката состојба ви е нестабилна. Воздржете се од учество во спорови или најобични дискусии за службени прашања. Субјективни сте и можете да кажете нешто несоодветно, со што можете да си наштетите.
Скорпија
Дури и да има повод за конфликт правете се дека не го забележувате. Гледајте од високо на секојдневните проблеми и не се нервирајте за ситници. Обрнете внимание на членовите на вашето семејство, бидејки имаат потреба од ваш совет.