Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ЧЕТВРТОК (04 ОКТОМВРИ, 2018)

Овен  

Скротете ја љубопитноста и држете се подалеку од туѓите животи. Без да почувствувате, можно е да навлезете во чувствителен аспект од животот на блиска личност. Тоа може да биде причина за нарушување на хармоничните односи. Понекогаш молчењето е злато, па верувајте и на интуицијата кога ви кажува дека треба да го сопрете зборувањето.

Бик

Однесувањето на соработниците ќе влијае на вашето денешно расположение и планови. Бидете дисциплинирани кога е во прашање здравјето. Додека на едно поле ќе назадувате, на друго ќе ви се отвораат нови можности. Нервите ви се чувствителни. Внимавајте на исхраната. Можни се ситни неприлики коишто ќе ве успоруваат на патот кон целта.

Близнаци

Денес за промена овозможете си малку повеќе одмор и не се трудете работите да бидат совршени, бидејќи никој нема да го бара тоа од вас. Одложете ги задачите кои немаат краен рок и порелаксирано работете го она што ви е со висок приоритет. Одделете си време за да се погрижите за вашите финансии и да направите план за штедење.

Рак

Се чувствувате одлично, а тоа придонесува и за изгледот и енергијата што ја ширите во околината. Постојано сте во центарот на вниманието. Желбата за наметнување на сопствените вредности е изразена, но немојте да дозволите другите да помислат дека не вредат или дека не се способни.

 

1 2 3

Прегледи:
887
Објавено на:
04.10.2018