Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ЧЕТВРТОК (04 ОКТОМВРИ, 2018)

Стрелец

Интуицијата и имагинацијата комбинирани со здрав разум денес ќе ви овозможат постигнување на речиси секоја цел која ќе си ја поставите. Ако се занимавате со некои уметнички активности ќе имате огромни невообичаени идеи. Денес е ден за создавање ремек дела. Единствено би можеле да бидете збунети од каде да започнете и со што да започнете. Изберете едно и концентрирајте се на тоа, а кога ќе го завршите слободно продолжете понатаму.

Јарец

До израз ќе дојде вашата грижливост, практичност и подготвеност за напорна работа. Ќе ви помогне медитацијата и вежбите за истегнување. Не ги потценувајте непријателите. Ќе ги согледате добрите страни на својата врска и ќе уживате во сите нејзини благодети. Искористете ги сите поволни моменти.

Водолија

И покрај тоа што мрзеливоста не е својствена за вас, денес таа ќе ве надвладее. Филмскиот маратон, излежувањето и доволниот сон целосно ќе ја обноват вашата енергија. Ќе сфатите дека од спиење спомени нема, па вечерва ќе се разбудите преку активно дружење. Воздржете се од преголемо зближување со непознати личности.

Риби

Голема е веројатноста денес одредена личност да се обиде да ја искористи вашата љубезност, а тоа вас ужасно ќе ве изнервира. Убавата вест е што ќе и се спротивставите и ќе победите. Емотивно сте задоволни, а тоа ќе ви помогне да решите професионален проблем.

1 2 3

Прегледи:
888
Објавено на:
04.10.2018