Лав
Можеби вашата претерана независност вам ви се допаѓа, но на вашиот партнер тоа му оди на нерви. Поразговарајте со него во врска со тоа и заедно најдете некакво решение. Вечерта поминете ја со своето семејство и со најблиските.
Девица
За да се чувствувате убаво во сопствената кожа, денот почнете го со утринска гимнастика. Наместо да седнете на кафе со твоите пријатели, договорете се да пешачите. При дневната прошетка, можна е средба со некој од бившите партнери.
Вага
Иако имате негативно мислење за претстојниот период, ве очекува пријатно изненадување. Денот ќе ви биде толку исполнет, што сосема ќе заборавите на сѐ што ви претставувало грижа во претходниот период. На крајот од денот ќе се чувствувате полесно бидејќи ќе завршите обврска која ви стоела на глава.
Шкорпија
Мислите нема да ви се оттргнат од вашиот партнер. Толку многу ќе ви биде жал за сѐ што сте му сториле, што цел дена нема да можете да се расположите. Признајте си ги грешките, кој признава – половина му се простува.