Стрелец
И покрај вашите желби за одмор и релаксација, време е да се освестите дека вашите обврски стојат, и потребно е да почнете да ги реализирате. Направете баланс помеѓу пријателите и вашата врска. Одвојте време и за двете страни.
Јарец
Доколку сте доволно искрени, потребно е да ја преземете одговорноста за вашите постапки. Докажете си на себе и на другите дека можете да ги исполните дадените ветувања. Денес препорачливо ви е да избегнувате премногу напорни или стресни ситуации.
Водолија
Планиравте да патувате некаде службено? Можеби денес ќе добиете информации кои ќе го одложат вашето патување, но не очајувајте, се работи само за осложување, а не за откажување. Остатокот од денот ќе ви помине во подготовки за романтичната вечера со вашиот партнер.
Риби
Овој ден ќе ви биде посветен на минатото. Сите случувања и сите мисли ќе ве водат кон моментите од детството. Затоа, јавете се на некој стар пријател и поминете го денот на прошетка во маалото кајшто сте израснале. На партнерот му е потребно повеќе внимание.