Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ЧЕТВРТОК (17 МАЈ 2018)

Овен 

Само неколку часа одмор ќе ви бидат доволни да ги наполните батериите, затоа правете го она што најмногу ве релаксира: спиње, шетање, читање, готвење, изборот е ваш.

Бик

Денес можеби долгоочекуваниот повик од некоја личност од минатото, ќе ви се оствари. После тој повик денот ќе ви стане поведар, а вие ќе бидете посреќни. Не запоставувајте го вашето тело.

Близнаци

Денес, амбицијата е она што ќе ви го одбележи денот. Но внимавајте, некогаш и не е толку добро да бидете толку амбициозни. Симнете се од облаците и почнете со работа, и онака веќе некое време ги запоставувате вашите обврски.

Рак

Денес искористете го денот во она што најмногу го сакате – целодневна средба со пријателите. Во последниве денови немавте некој таков масовен собир, па денес е поволен ден за тоа. Никогаш не се знае колку трачеви може да се пропуштат за неколку дена, нели?

Лав

Можеби вчера премногу сте си допуштиле на себе, па затоа денес ќе бидете мрзеливи. Но, работата чека, и мора некој да ја изврши. Затоа, фатете се за работа, а мрзеливоста оставете ја за викендот.

Девица

Ако размислувавте за промена на вашата фризура, денес е вистинско време за тоа. Отидете на фризер и одберете ја онаа фризура која најмногу ви прилега. Остатокот од денот искористете го за решавање на вашите финансии.

Вага

Повикот кој ќе го добиете денес ќе ви донесе добри вести. Промените се дефинитивно во воздухот, затоа бидете спремни на сѐ. Искористете малку слободно време и за партнерот, тој го заслужува тоа.

Шкорпија

Денес може да се почувствувате изморено и депресивно, но мислете позитивно, па има само уште еден ден до викендот. Испијте наутро една чаша цеден лимон и портокал, тоа ќе ви ја врати енергијата. Очекувајте средба со некој кој ви се допаѓа.

Стрелец

Четврток – совршен ден за романтичен состанок со вашиот партнер. Изведете го некаде на ручек или  вечера, а потоа приредете му жешко изненадување. Доколку не сте во врска можеби токму денес ќе ја сретнете личноста која ќе го промени тоа.

Јарец

Патувањето кое толку многу го посакувавте, конечно ќе можете да го реализирате, бидејќи вашата финансиска состојба сѐ повеќе се подобрува. Внимавајте на болките во грбот, можеби треба да посетите лекар.

Водолија

Веројатно вашата работохоличност ќе се одрази на вашата состојба. Поради прекувременото работење, ќе бидете премногу истоштени, а тоа ќе го забележат сите околу вас. Вечерва легнете си порано, утре е нов ден.

Риби

Работата и комуникацијата која ќе ја имате со луѓето ќе ви донесе позитивен исход, а што се однесува до онаа црна личност, која ви е во мислите, не грижете се, и вие ѝ се допаѓате.

Прегледи:
377
Објавено на:
16.05.2018