Лав
Ова нека биде ден на забавата! Не заморувајте се со проблемите на работа и со коментарите упатени на ваша сметка. Повикајте ги пријателите на домашна журка, а потоа излезете и забавувајте се до утринските часови. Па ден на забава е, зарем не?
Девица
Доколку веќе некое време сакавте да поразговарате со партнерот за некои важни работи, денес е вистинскиот ден за тоа. Кажете му го вашето мислење за сѐ, дури иако знаете дека можеби нема да му се допадне. Останете си во своја кожа, не правете се друга личност.
Вага
Ова нека биде ден посветен на вас и на вашите задоволства. Направете го оној чоколаден колач кој ви се допаѓа и дозволете си да го изедете цел. Денес е ден на релаксација, а во таков ден диетите не постојат. :)
Шкорпија
Добри вести! Поради добрата местоположба на Венера, денешниот ден ќе ви помине во знакот на романтиката. Искористете го овој ден за целодневна посвета на партнерот, а доколку не сте во врска, преземете го првиот чекор!