Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ЧЕТВРТОК (29 НОЕМВРИ, 2018)

Стрелец

Мала е веројатноста денес да се случат непредвидени настани. Поверојатно е да ве обземат емоции кои нема да можете да си ги објасните. Чувство на вознемиреност, фрустрација или желба да се оградите. Направете го тоа, зошто контактите ќе ви го наложат тоа.

Јарец

Ќе се запознаете со многу интересна личност. Човекот нема да се обиде да ве импресионира, но начинот на кој ќе комуницира ќе промени дел од вашите перцепции и ќе ви помогне да надминете некои грешки. Најдете инспирација во малите нешта.

Водолија

Завртени сте кон пријателите и оние кои ви нудат некаков вид на помош за вашите проблеми. Разговорите во четири очи можат да бидат многу успешни. Иако имате намера некого да го убедите да го прифати вашиот стил на работа, сеуште не сте одлучиле како да го направите тоа. Сепак, овој ден ви нуди можност да најдете некое компромисно решение или да добиете добар совет.

Риби

Обидете се да ги завршите вашите важни обврски до ручек. Како што ќе минува денот така вашата енергија ќе опаѓа, а настаните ќе бидат променливи при што може да дојде до промена на вашите првични планови. Прифатете ја состојбата мирно. Следи период на стабилизација.

1 2 3

Прегледи:
934
Објавено на:
28.11.2018