Лав
Сѐ повеќе ве прават нервозни некои ситуации во вашето семејство. На некои коментари треба да останете глуви и да премолчите, наместо створате уште понапната ситуација. Обидете се да го извлечете најдоброто од себе подготвувајќи вкусен специјалитет.
Девица
Можеби љубовниот живот ви стагнира, но затоа на професионално поле сѐ ви цвета, а и омилени сте меѓу вашите пријатели. Обидете се од секоја ситуација да го извлечете најдоброто и ќе видите дека и љубовта ќе биде на ваша страна.
Вага
Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но сѐ уште не знаете кои ви се приоритетите. Послушајте го вашиот внатрешен глас или совет од некоја личност која добро ве познава, и нема да згрешите. Доколку планирате некое патување, испланирајте ги однапред сите трошоци.
Шкорпија
Бидете подготвени да направите добар план и држете се до тоа. Само така ќе можете квалитетно да ја извршите работата која е пред вас. На некој член од вашето семејство ќе му бидат потребни пари и ќе побара од вас. На љубовно поле буквално ви цветаат рози.