Овен
Важно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Дополнителниот ентузијазам и проширена работна иницијатива ќе ви покажат дека сте од голема корист. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Обидете се да ги чувате емоциите подалеку од вашите разговори. Останете смирени и објективни ако не сакате да создадете напнатост.
Бик
Строго оценувате нечие однесување и новонастанатата ситуација на деловен план ја проценувате врз основа на личните мерила и критериуми. Упорно заговарате лични принципи, дури и по цена вашите соработници да имаат поинакво мислење. Се наоѓате во променлива или чувствителна фаза. Ќе загубите некоја драга личност.
Близнаци
Можеби очекувате некаква помош, поддршка, која можеби и ќе ја добиете, но не на онаков начин како што ја очекувате. За поголемите нешта да доживеат реализација мора малку и сами да работите, да вложите напор и да не се надевате дека наградите паѓаат од небо. Вашта финансиска ситуација е хаос поради неправилното трошење на месечните приходи. Во љубовта работите се одлични, барем засега.
Рак
Ќе мислите на бизнис и на тоа како да ги зголемите своите приходи. Во главата ќе ви се вртат многу идеи и повеќето ќе ви изгледаат профитабилни. Но, потребно е барем засега да го намалите ентузијазмот и да оставите работите да „легнат“ пред да го направите првиот чекор. Вечерта не дозволувајте се уште да бидете опседнати со работа. Пријателите чекаат на вас и на вашите шеги и досетки.