Лав
Денеска ќе морате да бидете истрајни и подготвени на сите искушенија во деловноста. Контролирајте ја импулсивноста. Мислите дека сте полни со елан и ентузијазам, што е навистина позитивно. Ќе бидете исцрпени од тоа што премногу се бара од вас, а самодовербата ќе ви биде разнишана.
Девица
Зафатете се со работа – не чекајте. Не ја одбивајте соработката од колегите, бидејќи не ќе можете сами. Расположението малку ќе ви опадне, бидејќи некој од оклината нема да ви даде признание за кое верувате дека сте го заслужиле. Обрнете повеќе внимание на физичкиот изглед не се запоставувајте.
Вага
Mожно е денеска да влегувате во конфликти со околината. Ќе морате повеќе да се служите со зборови. Некои од вас ќе бараат дополнителни објаснувања. Од долгите врски ќе се појави потреба за искрен разговор на чуствителни теми во кои потешко остварувате компромиси. Но, љубов нема да ви недостасува.
Шкорпија
Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ке споделат незаборавни интимни моменти, а оние Овнови кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува.