Стрелец
Иако имате негативно мислење за претстојниот период, ве очекува пријатно изненадување. Денот ќе ви биде толку исполнет, што сосема ќе заборавите на сѐ што ви претставувало грижа во претходниот период. На крајот од денот ќе се чувствувате полесно бидејќи ќе завршите обврска која ви стоела на глава.
Јарец
Поради вашата снаодливост, неделата ќе ви започне многу позитивно. Но, доколку еднаш ви се посреќило, немојте да мислите дека среќата ќе ве прати постојано, спуштете се на земја.
Водолија
Пред да ги донесете денешните одлуки, добро размислете. Поради вашите избрзувања можно е да направите грешка на вашето работно место, за која подоцна ќе се каете.
Риби
Денот започнете го со насмевка. Колку попозитивно влезете во оваа недела, толку поголео ќе ви биде расположението на вас и на вашите блиски. Здравјето е добро, но можна е мала главоболка поради честите промени на времето.