Стрелец
Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Проблемите во љубовта ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските.
Јарец
Во следниот период можно е заминување во странство, посета на некој важен семинар и дружба со деловни лица. Искористете ги поволностите. Инвестирајте ги парите, но претходно размислете во што, како и колку од тие пари ќе ви се вратат. Од финансиски аспект настапува поволен период во кој успешно ќе ги покривате сите ваши месечни трошоци.
Водолија
Овој ден е одличен за бизнис. Договарајте средби со колеги и бизнис соработници надвор од работното место. Во порелаксирана атмосфера ќе можете да извлекувате многу повеќе информации кои ќе ви помогнат да се вивнете кон успехот. Вашето семејство безрезервно ве поддржува во вашите планови, заблагодарете му се за тоа.
Риби
Во семејството и во љубовта ситуацијата е стабилна. Многумина од вас овие денови активно ќе се ангажираат во соработката со шефот или од претпоставените ќе добијат посебни барања. Понекогаш ќе ви недостасува енергија за се. Затоа добро организирајте се.