Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ВТОРНИК (16 ЈАНУАРИ, 2018)

Лав

Оние Лавови кои се родители целосно ќе се посветат на своето семејство особено на потомството. Кон своите деца ќе се однесуваат заштитнички но од нив ќе бараат да бидат репрезентативни и успешни. Оние слободните лавови кои припаѓаат на посилниот пол ќе биде многу тешко да се освојат, а уште потешко да се задржат. За разлика од нив оние од женскиот пол ќе бидат секогаш подготвени и спремни за флерт и заведување.

Девица

Сакате да избегате од секојдневните активности. Не можете да се концентрирате на постоечките обврски. Опуштете се и внесете некакви промени во ритамот на функционирање. можеби ќе се изненадите од тоа како ќе се развива денот. Веќе во попладневните часови ќе можете да уживате во средбата со една ваша драга личност.

Вага

Дискусиите со авторитетите ќе бидат значајни. Кај некои дури и мотивирачки. Убаво разгледајте ги опциите што оваа личност ги отвора пред вас. Некои Ваги би требало да внимаваат на нивниот брз јазик – интимни детали  би можело да испливаат на површина и да ви донесат компликации на приватен план.Скорпија

Би можеле да стигнете до некоја важна информација или контакт преку разговорот со една повозрасна личност. Некои од вас премногу размислуваат за надежите и желбите. Ако премногу се оддадете на ваквите размислувања, логично е да очекувате замаглување на менталната леќа. Сконцентрирајте се на сегашните животни случувања.

 

1 2 3

Прегледи:
889
Ознаки:
· ·
Објавено на:
15.01.2018