Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ВТОРНИК (18 СЕПТЕМВРИ, 2018)

Лав

Ќе бидете изненадени од постапката или зборот на еден ваш пријател. Ако сте член на некоја група или друштво, денес се можни изненадни и непредвидливи реакции од ваша или нивна страна. Има услови да запознаете личност со многу интересен карактер. Ова дефинитивно нема да биде досаден ден.

Девица

Сакате да избегате од секојдневните активности. Не можете да се концентрирате на постоечките обврски. Опуштете се и внесете некакви промени во ритамот на функционирање. можеби ќе се изненадите од тоа како ќе се развива денот. Веќе во попладневните часови ќе можете да уживате во средбата со една ваша драга личност.

Вага

Дискусиите со авторитетите ќе бидат значајни. Кај некои дури и мотивирачки. Убаво разгледајте ги опциите што оваа личност ги отвора пред вас. Некои Ваги би требало да внимаваат на нивниот брз јазик – интимни детали  би можело да испливаат на површина и да ви донесат компликации на приватен план.

Скорпија

Би можеле да стигнете до некоја важна информација или контакт преку разговорот со една повозрасна личност. Некои од вас премногу размислуваат за надежите и желбите. Ако премногу се оддадете на ваквите размислувања, логично е да очекувате замаглување на менталната леќа. Сконцентрирајте се на сегашните животни случувања.

 

1 2 3

Прегледи:
1089
Објавено на:
17.09.2018