Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ВТОРНИК (27 МАРТ, 2018)

Стрелец

На финансиски план, конечно, се стабилизиравте, па полека можете да преминете на наредното ниво. Доколку запознаете нова личност, не дозволувајте вашата лутина и фрустрациите да влијаат врз конечниот суд, туку покажете ги своите квалитети.

Јарец

Потребната животна сигурност ќе ја стекнете доколку се здружите во деловно партнерство со луѓе кои имаат слични животни ставови како и вие. Вечерва помуабетете си со својот партнер и потсетете се колку уживате во заедничките моменти.

Водолија

Потрудете се да бидете тактични. Не дозволувајте никој да влијае на вашиот живот. Партнерот сака да доминира, но не му го дозволувате тоа и стоите цврсто на земја. Постојано наидувате на неочекувани ситуации. Не трошете ја беспотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите.

Риби

Ќе им се лутите на луѓето околу вас, зашто не гледаат на работите како што гледате вие. За среќа, способни сте да ја најдете суштината на проблемите и експресно да излезете од кашата во која сте заплеткани. Во љубовта нема да можете логично да размислувате. Добро е што е викенд за да можете без чувство на вина да ги следите своите желби.

1 2 3

Прегледи:
1238
Објавено на:
26.03.2018