Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Ќе бидете на два ума во врска со донесување на некоја важна одлука од која ќе зависат многу работи во вашиот живот. Помошта е неопходна и најдобро е да ја побарате од некој близок кој се грижи за вас. Внимавајте со трошењето затоа што во иднина ќе имате потреба од пари.

БИК
Се сомневате во врска со некоја работа во вашиот живот или некоја личност ви влева сомнеж и не сте сигурни дека можете да се потпрете на неа. Ви пристигнуваат добри вести од далеку. Потребно е да посветите повеќе грижа на домашниот живот отколку на работата, разговарајте со вашите најблиски.

БЛИЗНАЦИ
Ќе остварите успех на деловен или образовен план, ќе успеете да се истакнете и да ги остварите вашите соништа со упорност и цврстина, продолжете да верувате во себе, вие сте на вистинскиот пат. Потребно е да посветите повеќе внимание на вашето здравје.

РАК
Вашите пријатели ќе ве поканат на некое случување или забава каде ќе поминете одлично време. Можно е да запознаете и некоја интересна личност. Во овој период ќе бидете склони кон трошење за празниците и можно е да купувате нешта кои не ви се потребни. Внимавајте.

ЛАВ
Имате некој домашен проблем со вашите најблиски кој никако да дојде до финално решение. Вашата мотивација полека опаѓа и немате волја за да ги извршувате основните работни обврски. Можеби е добро во ова време да се посветите на некое хоби или да волонтирате, тоа ќе ве расположи. Потребно е да почнете да се храните поздраво.

ДЕВИЦА
Вие сте сами на себеси најголем фан, се мотивирате на патот до успехот и само така ги остварувате сите нешта кои ќе ги зацртате. Постои можност за да се сретнете со личност која одамна сте посакувале да ја запознаете а тоа ќе ви овозможи да напредувате на работното место. Ќе имате можност која не смеете да ја пропуштите.

ВАГА
Смеате дека сите одлуки кои ги донесувате и сите избори кои ги правите се погрешни и постојано исходот е против вас. На љубовен план не сакате да бидете контролирани и тоа ви предизвикува проблеми со партнерот. Бегате од обврските и тоа создава тензија. Некој долг или позајмица ќе биде вратена.

ШКОРПИЈА
Во вашиот дом наскоро ќе има среќни вести и ќе одржувате прослава и честење. Сериозни сте кога е во прашање вашата професија и барате начини како да напредувате, но во овој момент сето тоа стагнира. Можеби во иднина ќе имате подобри прилики. Потребно е да посветите повеќе внимание на вашето физичко здравје.

СТРЕЛЕЦ
Организацијата на вашиот дом ве смирува и ви дава чувство дека ги имате сите нешта под контрола. Вашиот начин на однесување на работното место ги иритира вашите соработници и некои од нив сметаат дека сте премногу арогантни. Некое несогласување во врска со некој проект ќе ескалира. Почнете да практикувате почести прошетки.

ЈАРЕЦ
Во домот ќе владее хармонија и среќа, сите ваши потреби ќе бидат исполнети. Некоја ваша замисла ќе биде остварена онака како што посакувате. Вашата продуктивност е на највисоко ниво и е добро тоа да го искористите во ваша полза.

ВОДОЛИЈА
Ќе бидете горди на некој член од вашето семејство кој ќе постигне блескав успех. Некоја промена во врска со вашиот пристап кон работата ќе ви помогне да ги постигнете посакуваните резултати. Добро е да послушате совет од вашите соработници кои имаат повеќе искуство. Наскоро ќе имате подобрување на финансиската состојба.

РИБИ
Ќе чувствувате дека воопшто немате слободно време за себес поради премногу обврски на работното место. Вашата енергија полека опаѓа и тоа ве ирититра. Превземете чекор во врска со вашето здравје и почнете да практикувате здрав начин на исхрана. Вашиот партнер ќе ве разгали со некој подарок кој одамна сте го посакувале.

Прегледи:
1611
Објавено на:
09.12.2020