Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 14 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Не прифаќајте туѓи мислења дури ни по цена вашите ставови да ве одведат во големи проблеми. Во текот на попладнето до вас ќе пристигне важна вест која може да влијае на исходот на вашите деловни планови. Совладајте ја својата суета, прифатете ги советите на соработникот.

БИК
Обврските од вас бараат концентрација и полн ментален ангажман. Ве фрустрира судирот помеѓу должноста према другите и потребите да си угодите на себеси. Ако пронајдете задоволство во работата, ќе се ослободите од грчот а со самото тоа и непријатното чувство дека сте искористени.

БЛИЗНАЦИ
Поволен ден за истражување и учење. Извесно е и дека ќе добиете понуда се придружите во некоја хуманитарна организација каде во потполност ќе се искажете затоа што вашата комуникативност и убедливост во таа работа е драгоцена.

РАК
Потребна ви е промена но немате идеа како да ја спроведете сами, а суетата не ви дозволува тоа да го препуштите на партнерот. Прифатете повик и препуштете се на забавата. Негативното расположение ќе попушти и ситуацијата ќе се среди.

ЛАВ
Стигнуваат неповолни деловни вести од пријатели или драгоцен соработник кој се наоѓа во странство. До крајот на денот ќе сфатите дека не е се така црно како што ви се причинило на прв поглед. Во љубовта очекувајте пријатно изненадување.

ДЕВИЦА
Нешто важно на кое сте работеле долго време зема нова форма. Инсистирањето на подобрување на комуникацијата може накратко да ве деконцентрира и да ве наведе во даден миг да направите превид. Бидете внимателни во сообраќајот, особено ако сте возач.

ВАГА
Опкружени сте со луѓе кои ги привлекува вашата позитивна енергија. Поради пристојната финансиска ситуација во можност сте за нив да организирате забава. Во занесот на доброто расположение може да ви се случи да заборавите кои ви се вистински пријатели.

ШКОРПИЈА
Со малку трпение може да ги решите емотивните проблеми со партнерот но не очекувајте дека тој ќе ви ги прочита мислите. Морате да бидете искрени, јасни и гласни. Било какво скратено комуницирање и кратки пораки можат да поттикнат недоразбирање.

СТРЕЛЕЦ
Финансиското прашање е во прв план затоа што изостануваат резултатите на кои сте сметале безусловно. Ова е вовед во период на стагнација па за вас е подобро правовремено да се подготвите. Трпението и упорноста не ви се силна страна а денес ви се неопходни.

ЈАРЕЦ
Време е да превземете иницијатива и да започните нови активности на работа. Позитивно зрачите па би било добро да ги изнесите своите идеи на вашите соработници. Саканата личност од некоја причина не ви е достапна, можеби тоа е иделаен начин да ги освежите вашите односи.

ВОДОЛИЈА
Претераната фантазија може да ве доведе во искушение да поверувате во брза добивка. Во ова може да ве турне разговор со личност која се наоѓа во странство и по својот темперамент е доста слична на вас. Не се занесувајте со илузии и држете се до реалноста.

РИБИ
Немате време за излишни приказни. Сето внимание ви е насочено на работноот опкружување во кое ви е потребна една женска особа. Дајте се од себе обврските да ги завршите коректно, затоа што според грешките кои денес ги правите може да бидат неразумно строго казнети.

Прегледи:
1223
Објавено на:
13.12.2020