Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 14 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

Денес за Рибите е поволен ден за нови познанства, на Јарците им претстои пријатно изненадување, а Раковите треба да внимаваат со опседнатоста со фитнес навиките и дисциплината..

ОВЕН
Немојте да се чувствувате лошо поради тоа што работите многу, вашиот труд ќе се исплати. Но издвојте време и за себеси и наградете се за вложениот труд. Пронајдете нешто кое ќе ве опушти и ќе ве мотивира да продолжите понатаму.

БИК
Ќе сакате да имате добивка но ќе ги одбивате сите идеи и проекти, немојте да бидете толку самокритични. Ако некој ви понуди некоја сугестија, прифатете ја со отворен ум. Некој ваш близок ќе ви понуди решение на некој голем проблем.

БЛИЗНАЦИ
Ќе барате нови начини како да го подобрите вашиот живот. Тоа ќе вклучува здрав начин на живеење, запознавање на нови луѓе. Ќе имате некои проблеми во однос на вашите навики на трошење, размислете два пати пред да потрошите пари на нешто, време е да започнете со штедење.

РАК
Ќе бидете критикувани околу вашата претерана опседнатост со фитнес навиките и дисциплината. Опуштете се, можеби навистина претерувате. Обврски кои сте ги занемарувале долго време полека им истекува рокот, седнете и посветете се на нив. Работното место ќе почне да ве задушува, издвојте време за себеси.

ЛАВ
Ќе морате да донесете неочекувана одлука која ќе го засега вашето семејство. Можно е да почувствувате неблагодарност од луѓето околу вас кон кои покажувате афекција и љубов. Откако ќе дознаете за нечии намери можно е да почувствувате наплив на емоции кој нема да можете да го контролирате.

ДЕВИЦА
Во вашиот живот полека пристигнуваат нови можности и опции од кои морате да ја изберете онаа која најмногу ви одговара. Ви претстои поволен период. Денес ќе се чувствувате особено емоционални па најдобро е да стоите понастрана од длабоки теми кои можат да предизвикаат да реагирате бурно.

ВАГА
Потребни се некои промени во вашето секојдневие за да ги достигнете вашите цели, ќе морате да донесете одлука. Луѓето во вашата околина ќе посакаат да ве одвратат од тоа со цел да постигнете неуспех, внимавајте кога ги слушате туѓите сугестии. Опкружете се со позитивни луѓе.

ШКОРПИЈА
Денес ќе бидете како темпирана бомба, внимавајте да не потпаѓате на провокации. Немојте премногу да се наслонувате на вашите пријатели, тоа ќе ги ископлицира нештата. Доколку морате да го направите тоа, јасно искажете ги вашите услови и бидете отворени.

СТРЕЛЕЦ
Бидете паметни и извадете го најдоброто од секоја препрека на која ќе наидете. Одредена група на луѓе ќе го критикува вашето размислување и ќе се обиде да ви го наметне своето. Внимавајте како реагирате тоа може да ги загрози вашите врски.

ЈАРЕЦ
Вашето искуство е вашиот најдобар учител. Во секој случај ќе ги правите нештата онака како што вам ви одговара и нема да слушате ничиј совет. Ќе поминувате време со некој драг и за кого се грижите. Ви претстои некое пријатно изненадување и свеж почеток во некоја работа. Можна е неочекувана прослава.

ВОДОЛИЈА
Ослободете се од социјалните правила. Понизноста е ваш најдобар избор денес. Добро анализирајте за тоа кои се вашите придобивки од вашите избори, донесувате одлуки рационално. Можно е да заборавите некоја важна обврска денес. Запишувајте си потсетник.

РИБИ
Отстапете од вашиот познат круг на пријатели и запознајте нови луѓе. Време е за промена. Сега е идеално време да бидете љубопитни и отворени. Не дозволувајте му на стравовите да управуваат со вас. Очекувајте го најдоброто.