Денес Јарците ќе добијат неочекувана љубовна понуда, Раковите ќе бидат оптимистични во однос на совласување на работните проблеми а Стрелците ќе размислуваат за нови деловни идеи..
ОВЕН
Прилично сте дипломатични и на шармантен начин ги постигнувате деловните цели. Обожавате се кај партнерто и имате чувство дека сте во врска со идеална личност. Обидете се да не претерувате со студените напитоци затоа што грлото ќе ви биде чувствително.
БИК
Тврдоглави сте и непопустливи а тоа може да доведе до револт помеѓу колегите. Обидете се да бидете отворени спрема поинаквото мислење. Денес е поволен ден за комуникација и флерт со симпатијата. Бубрезите ќе ви бидат чувствителни, кај жените – јајниците.
БЛИЗНАЦИ
Работата денес никако не ви оди од рака. На љубовен план ви претстои поволен период па би било добро да го искористите денот за љубов и да се посветите на партнерот. Обрнете внимание на кожата и евентуалните промени на неа.
РАК
Оптимистични сте и со многу верба се соочувате со деловните проблеми. Размислувате за емотивното минато и се каете поради направените грешки. Во физичка смисла сте мрзеливи, би било добро да се размрдате.
ЛАВ
Се чувствувате фрустрирано поради деловната стагнација иако не сте виновни за лошите резултати. Денот е поволен за комуникација и средба со другата половина. Главата ви е чувствителна и можна е мигрена поради негативни мисли.
ДЕВИЦА
Деловната област премногу ве загрижува и имате субјективно чувство дека никогаш не било полошо. Емоционално сте незадоволни и нерасположени за било какви средби и дружење. Бубрезите се чувствителни и можно е да проработат на нервна база.
ВАГА
Ја идеализирате ситуацијата на работното место и имате чувство дека е многу подобро од тоа што вистински е. Емотивно сте чувствителни и ќе реагирате малку побурно од вообичаено, непотребно ќе се лутите на партнерот. Здравјето ви е одлично.
ШКОРПИЈА
Стагнацијата на деловно ниво доведува до недостаток на самодоверба. Компензација пронаоѓате во емоционалната сфера со партнерот кој ве разбира и поддржува во потполност. Синусите ви се чувствителни така што најдобро е да ја ограничите употребата на клима.
СТРЕЛЕЦ
Ви недостасува чувство на тимска работа така што упорно се обидувате да дојдете до сопствени деловни идеи кои ќе ги претставите како најдобри. Емоционално сте растроени и се прашувате што би било ако во минатото сте направиле поинакви потези. Благо сте нервозни.
ЈАРЕЦ
Се обидувате со помош на шармот да добиете одредени привилегии кај соработниците. Пред вас е љубовна понуда од необавезен тип и негодувате дали да ја прифатите. Размислувате за диета, но немате силна волја да ја започните.
ВОДОЛИЈА
Финансиите ви се идеа која ве води кога се во прашање деловните обврски и првенствено се посветувате на работите кои ви донесуваат пари. На емоционално ниво сте урамнотежени и уживате во друштвото на саканата личност. Склони сте кон минлива нервоза.
РИБИ
Уживате во деловните обврски и во тоа што се држите под контрола. Фантазирате на љубовен план но очекувањата ви се тотално нереални. Имате проблеми со алергии на што веќе сте се навикнале поради нивната зачестеност.