Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 18 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА

Денес Јарците ќе имаат некои љубовни проблеми, Раковите ќе се чувствуваат прилично успешно а Биковите ќе имаат поволен ден за финансии и работа..

ОВЕН
Ова е одличен ден за самостојно извршување на деловните обврски со оглед на тоа дека нема да бидете расположени за тимска работа и комуникација. Во емоционална смисла ќе уживате во комуникацијата и интимата со саканата личност. Здравјето е одлично.

БИК
Денес е одличен ден за финансии и работа. Приливот на пари влијае позитивно на деловната мотивација. Емоционално сте прилично отворени и расположени за интензивно дружење со партнерката. Кога е здравјето во прашање се чувствувате силно.

БЛИЗНАЦИ
Проблемите на работното место влијаат на вашата самодоверба. За среќа сферата на љубовта ви оди во прилог па затоа пронаоѓате сатисфакција на љубовен план. Кога е здравјето во прашање сте мрзеливи и не се движите воопшто што со тек на време ќе доведе до некои последици.

РАК
Се чувствувате прилично успешно на работа па може да се случи да ветите повеќе од тоа што можете да го направите. Љубовта ви е рана и минатото никако не ви излегува од главата. Внимавајте на исхраната затоа што денешниот ден не е поволен за прејадување.

ЛАВ
Деловно сте незадоволни и имате чувство дека лошиот деловен период никогаш нема да помине. Емотивно сте задоволни и ви следи прекрасна средба со партнерката. Грбот ви е чувствителен, особено долниот дел каде што се можни и болки.

ДЕВИЦА
Ова е поволен ден за добивање нови деловни понуди а тоа влијае позитивно врз вашето расположение. Имате чувство дека љубовта не ви оди и во право сте поради тоа. На здравствено поле јајниците ви се чувствителни.

ВАГА
Во тек е одличен ден за уметнички остварувања. Во емоционална смисла сте неопуштени, неприлагодени и имате потреба за да направите некои нешта од инает. Физички се чувствувате добро, а би ви годела прошетка покрај вода.

ШКОРПИЈА
Незадоволни сте од работата и потребно е на сталожен начин да прифатите дека овој период не е баш поволен за работа. Емоциите ви работат па имате потреба да поминувате повеќе време со партнерката. Надбубрежните жлезди се чувствителни.

СТРЕЛЕЦ
Прилично сте нервозни така да можете да влезете во непланиран конфликт со колега. Емотивно сте во тотален даун и не сакате да комуницирате нити да се гледате со луѓе. Нервите ви се чувствителни а тоа може да доведе до нервоза или кавга.

ЈАРЕЦ
Имате отворен ум и со задоволство ги прифаќате сугестиите од надредените особи. Емотивно сте заинтересирани, но љубоморни а тоа ќе доведе до содавање непотребни, претерани, љубоморни сцени. Здравјето е солидно.

ВОДОЛИЈА
Уморни сте од деловните обврски и би ви годел одмор. Поради деловните обврски трпи и вашиот емотивен живот  во смисла на тоа што не ви годи дружење со саканата личност и пријателите. Освен уморот, здравјето е задоволувачко.

РИБИ
Работата ви оди од рака, вредни сте и расположени за работа и задоволни како тече реализацијата на деловните планови. Емотивно сте празни и незаинтересирани за дружење и комуникација со најблиските. Здравјето е одлично.

Прегледи:
976
Објавено на:
18.09.2020