Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 2 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

На Близнаците денес им е потребна нежност, Бикот треба да внимава во трошењето, Јарецот ќе ги добие резултатите од макотрпната работа кои долго ги очекува.. 

ОВЕН
Денес ве очекува ослободување од некои ваши чувства кои ви претставуваат голем проблем во извршувањето на дневните обврски.  Пожелно е започнување нов стил на живот воведувајќи повеќе грижа за вашето тело и здравје. Денес бидете храбри и направете промена во вашиот изглед. Светлината на вашето срце нека биде вашиот водич кон остварувањето на вашите желби.

БИК
Денес не е пожелен ден да се впуштите во купување на нешта затоа што веројатно е дека ќе завршите со работи кои нема вистински да ви служат и ќе бидете лути на себеси. Денес е одличен ден за терапија на вашиот ум и тело. Направете мала оаза во вашиот дом и релаксирајте се.

БЛИЗНАЦИ
Денес ви е потребна нежност повеќе од било кога, можеби нема да ја добиете од вашиот партнер затоа е добро да се посветите на пружење љубов спрема себеси. Посветете се на негување на вашето тело кое долго време го одложувате поради работните обврски.

РАК
Денес ве очекува важна вест околу вашата работна позиција, бидете подготвени да примите унапредување или зголемување на вашата одговорност. Ќе подготвите план кој ќе ги остави воодушевени сите околу вас и ќе ја зголеми нивната почит и вашиот авторитет во нивните очи.
Се ќе ви делува како да се одвива премногу брзо, денес сите ѕвезди се на ваша страна.

ЛАВ
Денес е идеален ден да инвестирате во вашата иднина. Можност за патување и образување ви претстои на вашиот пат, сфатете ја сериозно. Ќе добиете вест за некој ангажман кој долго време сте го посакувале и ќе ве направи возбудени за иднината. Вашиот оптимистичен поглед ќе ви биде од огромна помош. Верувајте на вашата интуиција.

ДЕВИЦА
Дури и ако работата е ваше задоволство, нема да е на одмет ако денес одморите малку, би било добро да се посветите на уметноста или нешто кое ви причинува задоволство. На некој ваш близок му е потребна помош околу некоја одлука и само вие можете да му го дадете идеалното решение. Погрижете се за драгите луѓе околу вас да ја добијат вашата поддршка и љубов.

ВАГА
Денес не планирајте никакви патувања затоа што можно е многу нешта да тргнат во друга насока од посакуваната. Наместо тоа побарајте инспирација за нови проекти во некоја добра книга или филм. Наскоро ве очекува патување на долга дестинација, дискутирајте околу подготовките со вашите пријатели или партнерот. Нивниот ентузијазам ќе ви помогне да се ослободите од сите недоумици.

ШКОРПИЈА
Денес ви претстои продуктивен ден. Некој ваш колега или клиент ќе биде воодушевен од вашата ефикасност и вештина во решавање на задачите што може да ви загарантира повисока позиција. Вашата моќ на убедување е ваш вроден талент, искористете го на добар начин. Помогнете му на некој ваш близок да научи како да го балансира деловниот и приватниот живот, потребна му е вашата помош.

СТРЕЛЕЦ
Вашиот партнер може да искажува незадоволство поради тоа што сте повеќе посветени на вашата работа отколку на нив. Дајте им до знаење дека напорната работа ќе се исплати и наскоро ќе уживате во резултатите и двајцата. Но немојте да ги занемарувате нивните потреби, подгответе пријатно изненадување така што ќе се опуштите во релаксирачка атмосфера.

ЈАРЕЦ
На некоја фрустрирачка ситуација конечно и доаѓа крајот. Веќе нема да бидете во исчекување за некоја работа чии резултати се одолговлекуваат веќе некое време, резултатите се веќе тука и ќе бидете пријатно изненадени. Посветете се на вашето здравје и почнете да водите активен живот, на вашето тело тоа му е потребно.

ВОДОЛИЈА
Денес можеби нема да се чувствувате како да сакате да бидете помеѓу луѓе, но ќе бидете посреќни ако се обидете. Дајте си храброст на себеси да истапите и да го споделите својот план со вашите колеги, не плашете се од јавното излагање затоа што нивната реакција ќе биде позитивна. Колку повеќе се дружите со другите толку подобро ќе се чувствувате.

РИБИ
Денес е идеален ден за да ја пронајдете вашата идеална работа. Ви претстои добар успех кој ќе ги реши вашите проблеми. Ќе се адаптирате доста лесно на работното место и се ќе ви оди од рака. Сите ќе бидат воодушевени од вашата проникливост и начинот на решавање на сите задачи.