Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20 АВГУСТ 2020 ГОДИНА

На Девиците му се подобрува материјалната состојба, Лавовите ги очекува прилика за живот и работа во странство, Рибите ги очекува комуникација со некој кој им се допаѓа..

ОВЕН
Може да очекувате стабилна состојба на деловен план, не би требало да имате никакви поголеми грижи. Заљубени сте во една посебна личност спрема која чувствувате голема доза на привлечност. Проблеми со главата и очите.

БИК
Пред вас е одличен период доколку соработувате со странство, а може да се најдете и во добра комуникација со Риба. Се чувствувате добро пред саканата личност, ако сте во брак овој ден е одличен за вас. Ќе ви годи повеќе сон.

БЛИЗНАЦИ
Водете сметка затоа што на деловен план можно е да имате конфликт со помлади соработници или некоја машка личност. Можете да се надевате на убав однос со партнерот. Чувајте се од повреди или воспаленија.

РАК
Доколку сте на раководна позиција, може да очекувате стабилна состојба. Ако не сте, наскоро ви претстои таква можност. Личност родена во знакот на Вага константно ви покажува дека ве сака кога е љубовта во прашање. Здравјето ви е добро.

ЛАВ
Ве очекува добра прилика за живот и работа во странство. Може да очекувате големи и важни промени. Нагло се „ладите“ од личноста која до вчера сте ја доживувале доста блиска. Водете сметка за циркулацијата.

ДЕВИЦА
Пред вас е подобрување на материјалната состојба, преку додатна работа или некоја скриена заработка, а можно е и наследство. Потајно сонувате за една личност која оставила посебен впечаток на вас. Обрнете сметка на повишениот крвен притисок.

ВАГА
Пред вас е поволен дена за склопување на било какво бизнис партнерство,ќе имате среќа во тоа. Можете да очекувате саканата личност да биде доста посветена на вашиот однос. Внимавајте на бубрезите.

ШКОРПИЈА
Голем број деловни обврски не ви претставуваат проблем затоа што навреме ќе добивате адекватна помош. Промени на љубовен план засега нема. Мал пад на имунитетот е возможен.

СТРЕЛЕЦ
Ве очекува одличен ден. Доколку се занимавате со некоја работа која е поврзана со деца, пред вас ви стои успех. Нова врска со личност која во вашиот живот се појавила сосема спонтано ќе ви го разведри секојдневието. Занимавајте се со спорт.

ЈАРЕЦ
Паралелната работа сега функционира подобро од било кога. Можно е да размислувате за некој нови вложувања. Почетокот на заедничкиот живот со саканата личност се движи онака како што сакате. Здравјето ви е одлично.

ВОДОЛИЈА
Ве очекува неповолен ден за работа. Можно е да имате мали проблеми во комуникацијата со соработниците. Доколку сакате да останете во добар однос со саканата личност потребно е да поработите на толеранцијата. Проблеми со кичмата.

РИБИ
Ако сте планирале патување во странство, подобро би било да го одложите за да не би дошло до некои компликации. Може да имате интересна комуникација со личност која ви се допаѓа. Проверете го нивото на холестерол во крвта.

Прегледи:
887
Објавено на:
20.08.2020