Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 21 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

На Овните им претстои конфликт со партнерот, на Рибите ќе им пристигнат неочекувани пари, а Шкорпиите ќе бидат пријатно изненадени од некој информација која ќе ја дознаат..

ОВЕН
Марс се активира во сегментот на вашата кариера, внимавајте од можни несакани исходи. Потребна ви е поголема самодоверба ако сакате да успеете. Вашиот партнер ќе сака да влезе во конфликт со вас, ќе морате да го објаснете вашето однесување.

БИК
Вашето его ќе биде повредено денес. Избегнувајте конфликт со машки колеги или познаници. Ви претстои прослава. Ќе треба да потпишете важен договор кој ќе ви донесе добра добивка.

БЛИЗНАЦИ
Немојте да трошите многу на луксузни нешта. Ви претстои страствена средба со некој многу посебен. Ќе се сретнете со некој драг стар пријател или сакан, на повидок е и кратко патување.

РАК
Ќе имате добра заработка која ќе ви помогне да го живеете животот малку полагодно. На професионален план работите ќе течат како подмачкани. Ако ви била потребна помош околу некој проблем, ќе ја добиете од некој од кого најмалку очекувате.

 

ЛАВ
Повеќе ќе ви годи работењето самостојно отколу со вашите колеги. Ќе имате доволно и за да потрошите и за да заштедите, финансиската состојба ќе ви биде одлична. Некои ќе започнат со фитнес тренизни. Не ви претстојат патувања засега. Доколку сте планирале да купите недвижнини, наскоро ќе добиете одлична понуда.

 

ДЕВИЦА
Здравјето ви е одлично, но немојте да занемарувате ниеден симптом. Стресот на работното место може да предизвика неприајтности. Ќе ви пристигнат неочекувани гости. Ќе бидете особено популарни во вашето друштво во овој период, сите ќе сакаат да бидат во ваше друштво.

ВАГА
Ви претстои неочекувана покана. Некој далечен пријател ќе влезе повторно во вашиот живот и ќе се зближите наеднаш. На повидок е нова романса за која ќе биде задолжен некој ваш близок преку кој ќе го запознаете потенцијалниот партнер.

ШКОРПИЈА
Ќе бидете пријатно изненадени од некои информации кои ќе ги дознаете. Она во кое што долго сте се сомневале ќе се покаже точно. Верувајте им на вашите инстинкти, немојте да потпишувате никакви договори денес.

СТРЕЛЕЦ
Внимавајте, некој ваш пријател сака да ве искористи и да побара позајмица која ќе ве стави во непријатна ситуација во иднина. Денес ќе привлекувате личности кои ќе ви донесат само неволји, внимавајте кога се доверувате некому.

ЈАРЕЦ
Морате да се ослободите од минатото. Оваа недела ќе привлекувате доста обожаватели. Марс се активира во секторот на вашата кариера, но внимавјате околу некои можности на работното место, не баш сите се така поволни како што изгледаат.

ВОДОЛИЈА
Ќе научите доста важни вештини кои ќе ви бидат од голема помош. Кажете Не на понудите за брза заработка и не потпишувајте никакви договори. Во иднина ви претстојат доста подобри прилики. Насочете ја вашата енергија кон нешто креативно.

РИБИ
Ќе ви пристигнат неочекувани пари. Ова е идеален период за да заштедите и да направите финансиски план за во иднина. Избегнувајте строги фитнес вежби, може несакајќи да се повредите.

Прегледи:
932
Објавено на:
21.07.2020